in

ШВАЈЦАРИЈА даде одобрение за употреба на вакцината на ФАЈЗЕР!

Швајцарската Агенција за регулација на лековите „Свисмедик“ денеска издаде дозвола за итна употреба на вакцината изработена од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“, оценувцајќи дека станува збор за прво одобрение во светот што ја минало  стандардната процедура.

Британскките медиуми пренесуваат дека „Свисмедик“ дозволата за итна употреба ја издаде два месеци по поднесување на апликацијата, во постапка на разгледување на приложената документација, што е ажурирана и редовно прегледувана.

„Податоците што во моментов ни се достапни покажуваат висок степен на ефикасност, безбедност и квалитет на вакцината во сите возрасни групи вклучени во испитувањата“, се наведува во соопштението на швајцарската Агенција за регулација на лекови.

„Свисмедик“ ги разгледува и апликациите за добивање дозвола за итна употреба на вакцини изработени од компаниите „Модерна“ и „АстраЗенека“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote