Состојки:
- јајца 2
- шеќер во прав 200 гр
- путер 80 гр
- чоколадо 80 гр
- мелен бисквит 130 гр
- мелени ореви 35 гр
Глазура:
- чоколадо за готвење 50 гр
- орев околу 100 гр
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот додека не станат пенливи, а потоа ставете ги на пареа и постојано мешајте. Кога ќе зоврие додадете го путерот да се стопи. Тргнете го од оган, а потоа додајте чоколадо, бисквити и ореви во смесата. Комбинирајте сè и истурете во подмачкан калап. Кога ќе се олади, исечете ги на коцки и прелијте со чоколадна глазура. Украсете со од ореви, лешници или фстаци – по желба.
На здравје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…