in

Еден италијански свештеник побарал да биде разрешен поради интересна причина!

„Јас сум за вљубен“, беа зборовите на крајот од мисата, изнесени од Дон Рикардо Секобели, свештеник на епархијата Тоди во централна Италија, барајќи од неговиот претпоставен, владиката Гуалтиеро Сигизмонди, да го ослободи од свештеничките должности.

„Се в вљубив и сакам да се обидам да ја живеам таа љубов“, му призна Дон Рикардо на својот бискуп, се вели во изјавата на епархијата.

Свештеникот, чија приказна ја пренесуваат националните дневни весници, е суспендиран од претходната служба и веќе се започнати формалности што ќе му овозможат повторно да стане лаик.

“Јас сум исклучително благодарен на дон Рикардо за досегашната служба на Бога. Во исто време, би сакал неговиот избор да не му претставува товар, туку да му гарантира мир и спокој”, рече владиката.

Секобели вели дека овој избор бил многу тежок за некој што ја сака и почитува Црквата.

„Не можам да продолжам да останам доследен и транспарентен во мојот однос со Црквата како што отсекогаш сум бил“, рече свештеникот, кој ја исповеда пред своите верници и во присуство на владиката на неделната миса.

Како што пишува Кориере дела Сера, во мал град во близина на Перуџа, „сите знаеја“ што се случува и „кружеа гласини дека Дон Рикардо бил виден со жена“.

Но, ниту во медиумите, ниту во соопштението на епархијата, нема информации за идентитетот на таа што го украде срцето на дон Рикардо.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote