in

НАЈПОПУЛАРНАТА НЛО МИСТЕРИЈА: Светлата над Феникс!

Светлата над Феникс претставува серија на видувања на непознати летечки објекти (НЛО) на небото над Аризона, Невада и Сонора на 13ти Март 1997. Светла со различни описи од илјадници очевидци биле видени помеѓу 19:30 и 22:30 часот, почнувајќи од почетокот на Невада, преку Феникс, па се до градот Туксон. Тоа е должина од околу 480 километри.

Има два различни настани од оваа случка. Првите светла биле видени во триаголна формација поминувајќи низ државата Невада, а другата е опишана како статички светла видени над Феникс. Воздушните сили на САД ја објасниле втората случка како вежба на нивните војни авиони. Сведоците на овој настан го опишуваат како 5 до 9 сферични светла или можеби мотори што емитуваат светлина. Гувернерот на Аризона во тој период бил сведок на инцидентот и го опишал како „вонземски“. Овој настан никогаш не бил расчистен и мистеријата најверојатно ќе остане нерешена. Скептиците велат дека тоа било обичен авион, а пак сведоците се убедени дека виделе нешто што човекот не може да го направи.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote