in

СВЕТОТ ГО СОБОРИ НАЈЦРНИОТ РЕКОРД ДОСЕГА: Коронавирусот нема сопирачки, никогаш поголем бројот на нови случаи!

Од вкупниот број на новоинфицирани, половина се евидентирани во Европа.

Во последните 24 часа во светот се потврдени 581 000 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, вкупниот број на заразени на глобално ниво на тој начин се искачи на 48,53 милиони. Бројот на смртни случаи во изминатиот ден се зголеми за 8.000, односно вкупоно има 1,23 милиони.

Од вкупниот број на новоинфицирани, половина се евидентирани во Европа, 308.876. Следат Јужна и Северна Америка со 167.031 и Југоисточна Азија со 61.831 нови случаи.

Според земјите, најмногу новоинфицирани од почетокот на пандемијата се регистрирани во САД, 9,38 милиони. Следува Индија со 8,4 и Бразил со 5,5 милиони случаи на коронавирус.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote