in , ,

Што?Што?

Светот има залихи на пченица за уште 10 недели

Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, експерт за храна ги предупреди ОН. Сара Менкер, извршен директор на аналитоичката компанија Gro Intelligence, го предупреди Советот за безбедност на ОН дека воената инвазија на Русија во Украина не е единствената причина за несигурноста на храната, туку долила масло на огнот.

Украина се смета за главен снабгувач со леб на светот, а Русија и Украина заедно извезуваат речиси 1/3 од светските потреби за пченица. Ова предупреудвање доаша откако Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја обвини Русија дека ја користи храната како оружје. Тој додаде дека Русија ја држаи храната во заоложништво не само за Украинците, туку и за милиони луѓе ширум светот.

„Руската влада изгледа мисли оти ако ја користи храната како оружје ќе и помогне да го оствари тоа што не го постигна со инвзијата – да го скрши духот на Украинците“ вели Блинкен.

„Моментално имаме глобални залихи на пченица за уште само 10 недели. Условите денес се многу полоши од тие во 2007 и 2008 година“ предупредува Менкер.

Таа вели дека податоците на официјалните владини агенции од целиот свет покажуваат дека светот чува залихи на пченица за да задоволи 33% од потребите, но како што додава, моделите на Gro Intelligence покажале дека тие залихи се поблиску до 20%.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote