in

Големи светски МИСТЕРИИ што НИКОГАШ нема да се решат!

Во светот постојат многу необјасниви работи. Некогаш тие работи никогаш нема да ни станат јасни. Недостатокот на одговори ни ги прави овие работи поинтригирачки. Еве неколку мистерии што најверојатно нема никогаш да се решат.

Кој бил идентитетот на  Jack the Ripper?

Во 1888, Jack the Ripper убил најмалку 5 луѓе во Лондон, масакрирајќи ги нивните тела. Многу писма, наводно од самиот убиец, биле пратени во полициската станица исмејувајќи ги полицајците за нивните обиди да го фатат. Името Jack the Ripper доаѓа од овие писма. Но за жал Jack никогаш не бил пронајде и шансата да го дознаеме неговиот идентитет во иднина е скоро непостоечка.

Каде е гробницата на Клеопатра?

Античките писатели твдат дека Клеопатра и нејзиниот љубавник, Марк Ентони, биле закопани заедно во гробница после нивната смрт во 30 година пне. Еден од писателите напишал дека гробот се наоѓа во храмот на божицата Исис и е полн со злато, сребро и скапоцени кристали. Но локацијата на гробницата и ден денес е непозната, иако многу археолози се обиделе да ја пронајдат.

Кој го убил Џон Кенеди?

Ова е можеби најголемата мистерија во американската историја и никогаш нема да се реши. На 22 Ноември, 1963, претседателот Кенеди бил погоден со снајпер во Далас од страна на Ли Харви Освалд. На 24 Ноември, 1993, пред судењето на Освалд, тој е убиен од страна на сопственик на ноќен клуб – Џек Руби. Ова е најопширно прифатеното објаснување за убиството на претседателот. Но голем број на професионални историчари и обични луѓе не веруваат дека ова објаснување е вистинското. Голем број на други теории биле предложени од страна на историчарите и едно од нив е дека имало повеќе снајперисти на местото каде што поминувал Кенеди. Едно е сигурно, никогаш нема да се дознае што всушност се случувало во Далас тој ден.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote