in

СЗО: Причината за пандемијата ќе биде откриена за неколку години!

Еден од водачите на неодамнешната мисија на Светската здравствена организација, која престојуваше во Кина за да го испита потеклото на коронавирусот, Питер Дашак, очекува дека во следните неколку години ќе се открие што ја започнало пандемијата.

Дашак истакна дека собраните научни истражувања може да доведат до откривање на начинот на кој животните кои биле носители на ковида 19 ги ​​заразиле првите луѓе во Вухан.

„Имаше пренесување од Вухан до провинциите на југот на Кина, каде што беше откриен најблискиот роднина на вирусот кај лилјаците“, нагласи Дашак.

Според него, трговијата со диви животни е најверојатното објаснување за доаѓањето на ковид-19 во Вухан, каде беа откриени првите случаи меѓу луѓето во декември 2019 година.

Тој посочи дека оваа хипотеза е најсилно поддржана од СЗО и кинеската страна.

Дашак и другите автори ќе објават извештај, најрано следната недела, за првичните заклучоци од нивната мисија во Вухан. Експертите заклучија дека постои многу мала веројатност дека пандемијата е резултат на несреќа во лабораторијата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote