in

СВЕТОТ ПАТИ ОД ПРИТИСОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: СЗО со алармантни бројки – повеќе од четири милиони заразени за седум дена.

Повеќе од четири милиони луѓе во светот се заразени со вирусот корона во изминатите седум дена, што е највисок број во последната недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.

СЗО објави дека 4.060.891 лица биле заразени со вирусот корона во текот на претходната недела, и дека 67.221 пациент починал во истиот период.

Една недела порано, потврдени се 3.977.223 нови случаи на заболување и 59.699 смртни случаи.

СЗО, сепак, верува дека податоците за претходната недела укажуваат на забавување на ширењето на пандемијата.

Тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции е забележан во Европа и Југоисточна Азија, додека ширењето на вирусот е зголемено во Северна и Јужна Америка, со зголемување на бројот на смртни случаи од Covid-19.

Во периодот од 16 до 22 ноември, најголемо зголемување на бројот на нови случаи е потврдено во Европа – околу 1,7 милиони, со над 32,600 смртни случаи.

Северна и Јужна Америка регистрирале над 1,6 милиони нови случаи на Covid-19 и скоро 22 000 смртни случаи.

Во Југоисточна Азија, во изминатите седум дена се заразени 351 000 луѓе, а бројот на смртни случаи е зголемен за 4700.

Во претходната недела, бројот на потврдени случаи во САД се зголеми за над 1,1 милиони, во Индија за 281,000, во Италија за скоро 236,000, во Бразил за 209,000, во Франција за повеќе од 171,000 и во Русија за 163,000.

Ширењето на вирусот се забрзува во Полска, што потврди над 152 000 нови случаи во изминатите седум дена, а истиот тренд може да се забележи во Велика Британија (над 149 000 нови инфекции), Германија (над 127 000) и Иран (над 91 000).

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote