in ,

ТаженТажен

Таа објави дека го сака, a тој -дека раскинаа! Згодниот пејач раскина со девојката по раѓањето на нивното дете!

Иако изгледаа како среќно семејство, атрактивниот пејач и неговата сакана сепак имаа проблеми кои не успеаја да ги надминат.

Поп -sвездата Џејсон Деруло (32) и инфлуенсерката Џена Фрумс (28) повеќе не се заедно, објави пејачката.

– Џена и јас одлучивме да се разделиме – напиша вчера Деруло на Твитер. – Таа е неверојатна мајка, но верувам дека разделбата во овој момент ќе ни овозможи да бидеме најдобри можни верзии од себе и најдобрите родители што можеме да бидеме. Ве молиме, почитувајте ја нашата приватност.

 

Двојката пред само четири месеци го доби синот Џејсон Кинг, а нивните следбеници на социјалните мрежи имаа можност да го видат нивното секојдневие, кое изгледаше магично.

Пред Џејсон да твитне за разделбата, Џена му го честиташе роденденот на Инстаграм, пишувајќи:

– Благословена сум што ќе го споделам роденденот со мојот љубовник. Ти си најзгодното, највредното, најталентираното, најлудото суштество полно со љубов.

Таа додаде дека е благодарна за нивната љубов и дека тој и нивниот син ја прават најсреќната девојка на светот, како и дека едвај чека да создадат нови спомени заедно. Подоцна, Џена го избриша овој пост, но нивните семејни фотографии се уште може да се видат на нејзиниот профил.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote