in

Тарт со јаболки, ореви и цимет

Потребни состојки:

  • 400 гр брашно
  • 1 јајце
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр путер (на собна температура)
  • 100 гр шеќер во прав

ФИЛ:

  • 100 гр шеќер
  • 1 кг јаболка
  • 50 гр путер
  • 1 лажичка цимет
  • 150 гр мелени ореви
  • 50гр путер за одозгора

Начин на подготовка:

Ставете во сад, брашно, прашок за пециво, ванилин шеќер, шеќер во прав, јајце и путер исецкан на ленти. Замесете тесто (ако е ронливо). Ставете го тестото во плех за тарт. Притиснете убаво и рамномерно за да ги покриете дното и рабовите на плехот.Настрана направете смеса од мелените ореви и растопениот путер па ставете ја врз кората.Јаболките излупете ги и исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во сад, додадете го шеќерот и циметот, измешајте убаво па почнете до редење на јаболките врз смесата од ореви и путер. Одозгора ставете од путерот на мали парченца.

Печете во рерна загреана на 180 ° C околу 35 до 40 минути.

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote