in

Татко и син повредени од прославата на пласманот на Италија во финалето на Европското првенство!

Татко и син беа ранети од огнено оружје додека го славеа пласманот на италијанската фудбалска репрезентација во финалето на Европското првенство во италијанскиот град Авелино.

На плоштадот во градот кој се наоѓа во јужниот италијански регион Кампанија, собраните ја прославија победата на италијанската фудбалска репрезентација над Шпанија, како и пласманот во финалето на Европското првенство, пренесува агенцијата „Аги“.

По пукањето, во толпата на главниот плоштад владее паника, што за среќа не предизвика нови жртви поради стампедо на луѓе кои бараа засолниште.

Ранетите се пренесени во болница и не се во животна опасност.

Италијанската полиција го истражува случајот и сè уште не е јасно дали во истрелите од пиштолот случајно ранети се две лица или некој ја искористил толпата за пресметка.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote