in

ПРЕСВРТНИЦА? Таткото на Меган Маркл: Не мислам дека кралското семејство е расистичко!

?????????????????????????????????????????????????????????

Таткото на Меган Маркл, Томас, рече дека не смета дека британското кралско семејство е расистичко, и се надева дека наводната забелешка на еден член на тоа семејство за бојата на кожата на синот на Меган е само несовесно и „глупаво прашање“.

Во интервју за Опра Винфри, Меган рече дека на нејзиниот син Арчи, на една година, му е одземена титулата принц затоа што во кралското семејство постои загриженост пред неговото раѓање за „степенот до кој може да биде темната боја на кожата на детето“.

„Имам голема почит кон членовите на кралското семејство и мислам дека тие воопшто не се расисти. „Јас дури и не мислам дека Британците се расисти, мислам дека жителите на Лос Анџелес и Калифорнија се расисти, но не мислам дека кога Британците се“, изјави Томас Маркл за ITV.

„И кога станува збор за прашањето каква боја ќе има детето или колку ќе биде темна неговата кожа, претпоставувам и се надевам дека тоа беше само нечие несовесно и глупаво прашање“, рече Томас Маркл и додаде дека верува оти коментарот треба да се испита .

На новинарско прашање за интервјуто што Меган и Хари и го дадоа на Опра Винфри, Томас Маркл рече дека смета дека „ја преминале границата“ и дека е потребно да се чека, со оглед на тоа што сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип, беше во болница.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote