По сознанието дека Анѓелко Вучиќ, таткото на претседателот на Србија, Александар Вучиќ се бори за живот, тој и неговиот брат Андреј дошле во семејниот дом во Јајинци, објавија српските медиуми.
Браќата таму ќе ги чекаат вестите за здравствената состојба на својот татко.
Нивниот татко вечерва е итно транспортиран во Клиничкиот центар Бежаниска коса поради коронавирусот и првичните вести не се добри, Анѓелко се бори за живот, пишува Блиц.
Неговата мајка Ангелина исто така е позитивна на коронавирус, но нејзината здравствена состојба е подобра.
Коментари
Loading…