Седнал еден човекот во барот и нарачал едно пиво. Наишол еден голем мускулести човек и му го испил пивото и го прашал:
-„На арно нека е човеку, што си замислен?„
Тажниот човек му рекол:
-„Многу сум несреќен, сабајлево се скарав со мојата сопруга, закаснив на работа, газдата ме избрка од работа. Одејќи накај дома ме удри една кола. Кога стигнав дома сакав да се смирам со жената но ја начекав со друг во постела. Сакав да се убијам но пиштолот се заглави. Пробав да се обесам, јажето се скина. Пробав да се затрујам со гас но сметките не сум ги платил и неможев да се затрујам. На крај реков да турам отров во пивото и да го испијам но ти дојде и го ИСПИ!„
in Забава
Коментари
Loading…