in

Товарниот брод се насука и го блокираше Суецкиот канал! [ФОТО]

Во тек е операција за деблокирање на Суецкиот канал, откако товарен брод се насука и блокираше една од најпрометните трговски патишта во светот.

Адмиралот Осама Раби, шеф на управата на каналот Суец, рече дека „спасувачките единици и влечни бродови продолжуваат со своите напори“ со цел да се деблокира бродот од 400 метри, „Евер Грин“, кој плови под знамето на Панама.

Брод тежок повеќе од 219.000 тони, кој се движел од Азија кон Ротердам, се насукал под налетот на ветрот кога го минал јужниот влез на Суецкиот канал.

Според поморски извори, 30 брода се наоѓаат на северниот влез на каналот, а три брода на јужниот влез.

Суецкиот канал ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и претставува најкратка врска помеѓу Азија и Европа. Суецкиот канал, кој е долг околу 193 километри, бил отворен во 1869 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote