in

Научниците развиваат термичка маска што го уништува корона вирусот!

Научниците од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) во американскиот град Кембриџ развиваат термичка маска која ќе убие патогени на 90 степени и ќе биде многу поудобна за носење од оние што ги носиме денес.

Наместо да филтрира сè што излегува од човечката уста, маската ќе ја убие короната при издишување, бидејќи ќе достигне температура од 90 степени, на која КОВИД-19 не може да преживее.

За да се избегнат изгореници како резултат на загревање до 90 степени, маската ќе биде заштитена со неопрен, синтетичка гума. Неопренот има добра хемиска стабилност и одржува флексибилност во широк опсег на температури.

Ако ги помине тестовите, маската работи на батерија од девет волти и ќе биде поскапа од памучната, хируршката или маската N95, додаваат истражувачите.

Сепак, топлинската маска ќе биде идеална во ситуации кога ризикот од инфекција е зголемен, како што се здравствените установи или јавниот превоз и нема да треба да се стерилизира по употребата. Истражувачите веќе започнаа да прават прототип маска, која ќе помине и физички тестови.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote