in

Руската полиција спречи терористички напад!

Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила терористички напад во Тамбов.

Според соопштението, руски државјанин, тинејџер роден 2003 година, бил уапсен за планирање на злосторството.

Членовите на ФСБ заплениле експлозив, компоненти и прирачници за изработка на експлозивна направа, како и средства за комуникација во станот што тинејџерот го изнајмувал.

Во соопштението на Истражниот комитет се вели дека 17-годишникот бил студент. „Според истражителите, обвинетиот, кој ги споделувал идеите за деструктивна субкултура, планирал да изврши терористички напад во зграда во Тамбов, користејќи рачно изработена експлозивна направа создадена врз основа на прирачник преку Интернет“, се вели во соопштението.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote