in

Што?Што?

НЕВЕРОЈАТНО! Маж од Велика Британија бил тестиран на коронавирус дури 43 пати!

Британски научници го проучуваат случајот на човек од Бристол кој успеа да се опорави откако беше позитивен на коронавирус 290 дена, а во тој период беше тестиран 43 пати, односно секоја недела.

Седумдесет и двегодишниот Дејв, инструктор за возење и музичар, имал активна инфекција со коронавирус цели десет месеци и морал да оди во болница на лекување седум пати поради влошена здравствена состојба.

Едно од можните објаснувања за ваквата долга инфекција е фактот дека неговиот имунолошки систем станал максимално ранлив затоа што претходно се разболел од леукемија, поради што се лекувал со хемотерапија.

Дејв на крајот се излечи од коронавирусот со нова мешавина на антивирусни лекови обезбедена од американската компанија „Регенерон“.

Научниците од Универзитетот во Бристол сега го проучуваат случајот и се обидуваат подобро да ги разберат начините на кои муроата на коронавирусот се мутира во човечкото тело.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote