in

WTFWTF Што?Што?

„The Simpsons“ ja предвидуваат иднината

Во далечната 1995 година, тие покажаа еден од нивните ликови како носи часовник што можете да го користите како телефон. Беа потребни 20 години за „Apple Watch“ да ја види светлината на денот.

Во 2000 година, 16 години пред вистинскиот настан, „The Simpsons“ предвидуваа дека Доналд Трамп ќе се кандидира за претседател, дури успеаја да предвидат дека тој ќе победи. И тоа е само дел од неверојатните поклопувања.

Жолтото семејство предвидува иднината повеќе од 30 сезони. А еве што е интересно за оваа година!

Пандемијата на коронавирусот продолжува

Едно од предвидувањата беше за повторното појавување на коронавирусот, токму она што се случи во земјите кои се соочуваат со третиот или четвртиот бран на коронавирусот. Ваквата ситуација во серијата е прикажана со употребата на купола во Спрингфилд во која граѓаните се целосно изолирани.

Храна на виртуелната реалност

Според „The Simpsons“, за 2022 година се предвидени дигитални оброци, односно можност за консумирање храна преку виртуелна апликација за храна. Така, во една од епизодите сместени во 2030 година, Марџ и Хомер јадат со помош на холографски електронски уред.

Во 2021 година, научниците за храна од Универзитетот Корнел, САД открија дека сирењето што се консумира во средина на виртуелна реалност има подобар вкус, додека туристичката агенција „Royal Caribbean“ се обидува да развие технологија за да им овозможи на своите гости уникатно искуство да консумираат храна во виртуелна реалност на нивните крстарења.

Во дваесет и првата епизода од деветата сезона на серијата, која е емитувана во 1998 година, Хомер зема мајмунче кое му станува домашен миленик и главен помагач во домашните работи. Веднаш покрај фотографијата од таа епизода, стои и друга слика од седумнаесеттата сезона на серијата, емитувана во 2005 година, во која Хомер има мали сипаници.

Сликите немаат врска една со друга – односно, мајмунчето нема врска со сипаниците.

Симпсонови во минатото емитуваа низа епизоди кои случајно имаа измислени моменти кои подоцна се покажаа како вистинити.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote