in

The Weeknd ќе прави серија на HBO!

Додека вие мислите дека The Weeknd е зафатен правејќи музика, пеачот всушност се подготвува да направи своја серија на HBO.

The Weeknd, чие вистинско име е Абел Тесфаје, ќе ја сними, напише, продуцира па дури и ќе глуми во својата серија која треба да искочи на стриминг платформата HBO. Реза Фахим и Сем Левинсон исто така ќе бидат ко-продуценти на серијата.

Името на серијалот ќе биде The Idol и ќе ја следи приказната на млада пеачка која започнува љубовна врска со еден сопственик на клуб во Лос Анџелес, кој воедно е и лидер на еден култ. Се верува дека Weeknd ќе ја глуми улогата на сопственикот на клубот, но сеуште не е познато.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote