Додека датите на објавување на филмовите постојано се менуваат, Холивуд е стабилен кога се во прашање датите за започнување на снимањето на филмовите. Според најновите информации, најновиот филм на Марвеловиот Thor треба да започне со снимање во Јануари на почетокот на следната година.
Оваа информација ја објави главниот лик на филмот Chris Hemsworth, додека пак режисерот Taika Waititi моментално работи на скриптата за филмот која ја пишува заедно со Jennifer Kaytin Robinson. Исто така, во овој филм се враќа и Natalie Portman која беше отсутна во минатите неколку филмови на Marvel и таа ќе го глуми љубовниот партнер на Нордијскиот јунак.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…