Познатиот голфер Тајгер Вудс возеше пребрзо за време на сообраќајната несреќа, изјави шерифот на округот Лос Анџелес, Алекс Вилануева.
„Според него, примарна причина за речиси фаталната несреќа е возење со брзина што не е прилагодена на состојбата на патот и невозможноста за надминување на кривината на патот“.
Властите ја проценија брзината на возилото на Вудс на 136-140 км/ч кога неговиот автомобил удри во централната преграда, предизвикувајќи ланец на удари што довеле до тоа возилото да погоди дрво со проценета брзина од 121 км на час пред да се преврте автомобилот.

Ограничувањето на брзината во таа област беше 72 км/ч.
Вудс претрпе повреди опасни по живот, со сложена фрактура на ногата. Полицијата соопшти дека имал среќа да биде жив.
По несреќата, полицијата не издала наредби за анализи што ќе овозможат да се утврди дали Вудс бил под дејство на алкохол или дрога за време на несреќата.
Коментари
Loading…