in

Нови слики на Марс од кинескиот ровер! [ВИДЕО]

Кинеската национална вселенска агенција објави нови видеа и фотографии од Марс направени од роверот Јуронг, кој ја истражува црвената планета 42 дена на Марс.

Снимките објавени од Националната вселенска агенција на Кина покажуваат дека сондата отвора падобран и слета на површината на Марс, а роверот Јуронг се оддалечува од платформата за слетување и се упатува на истражување на копното.

На фотографиите се прикажани и пејзажите на Марс и трагите што ги остави роверот.

Тијанвен-1 е во орбитата на Марс 338 дена и е оддалечен од Земјата околу 360 милиони километри.

Ровер Јуронг досега помина 42 марсовски дена на Марс и помина вкупно 236 метри. „Ровер“ ја продолжува својата мисија на научни истражувања како што е планирано.

Орбитерот Тијанвен-1 ќе продолжи со набудувања и ќе обезбеди комуникација со роверот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote