Рецепт за сите љубители на палачинки и тирамису, оваа комбинација е неодолива
Состојки за палачинки:
- 3 јајца
- 300 гр брашно
- 600 мл млеко
- 50 гр путер
- 70 гр црно чоколадо
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица инстант кафе
- малку сол
Крем:
- 5 жолчки
- 120 гр шеќер
- 500 гр сирење маскарпоне
- 250 мл слатка павлака
- 1 пакување ванила
Подготовка:
Измешајте јајца со шеќер и додадете сол, кафе, брашно и млеко и промешајте повторно.
Растопете ги путерот и чоколадото и кога ќе се оладат малку, додајте ги во смесата.
Изматете ги жолчките со шеќер и гответе ги на пареа околу 15 минути мешајќи, па оставете ги да се оладат.
Префрлете ги жолчките во сад и изматете сирење маскарпоне и ванила, а потоа изматете кратко за да се соединат состојките.
Изматете ја павлаката во шлаг и додадете ја во сирењето со жолчките.
Печете малку подебели палачинки.
Ставете лажица до две смеса на секоја палачинка и преклопете ја со друга палачинка додека не останете без состојки.
Страните на тортата премачкајте ги со вишокот крем.
Украсете со какао по желба.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…