in

Се скарал со сопругата и отишол на прошетка, за да си ја разбистри главата – испешачил 400 километри! (ФОТО)

Кое машко не би се сочуствувало со него?

Италијанската полиција пресретна маж кој одеше 400 километри за да си ја разбистри главата по расправија со сопругата.

Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано, во централна Италија.

Тој бил уморен и настинат, изјави полицаецот Антонио Сканци.

Тој на полицијата и рекол дека се скарал со својата сопруга на 22 ноември и го напуштил заедничкиот дом во северната провинција Комо. Прво со возот се упати кон Милано, а потоа пешачел. Неговата цел беше Апулија на југот на земјата.

Фано, каде што беше запрен, се наоѓа на 379 километри од железничката станица во Милано. Според „Google Maps“, ова е патување за кое би биле потребни 79 часа пешачење без запирање.

Полицијата го одвела мажот до хотелот и ја повикала неговата сопруга, која дошла да го „земе“.

Тој ги негираше извештаите во медиумите според кои полицијата му напишала казна затоа што тој го нарушил националниот полициски час од 22 до 5 часот наутро.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote