in

УбавоУбаво

Исчистете ги преостанатите токсини и забрзајте го метаболизмот: Детоксикација е задолжителнa!

 

Ако деновиве главно „замезувавте“ руска салата и печено месо со кифли, а не можевте да одбиете домашна торта – не грижете се! Имаме решение за вас!

Предлагаме смути за детоксикација што ќе ве натера да ги исчистите преостанатите токсини и да го забрзате метаболизмот.

Потребни состојки:

  • Сок од еден лимон или вар
  • Свеж ананас (околу 200гр)
  • Ѓумбир (изрендајте една лажичка)
  • 2 чаши вода
  • Малку цимет
  • Лажичка мед
  • Неколку лисја нане

Исецкајте го ананасот на мали парчиња, ставете го во блендер со чаша сок од лимон, додадете ѓумбир, цимет, мед и малку вода, изблендирајте по желба, додадете неколку лисја од нане за освежителна арома.

Лесно се прави, и е многу ефикасен за телото. Потребните состојки се богати со витамин Ц, го освежуваат организмот по празничната кулинарна еуфорија и се вистинска бомба на антиоксиданти.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote