Германскиот стратег кој до скоро го водеше тимот на ПСЖ, Томас Тухел е нов менаџер на Сините од Лондон, потврдија од клубот. Оваа информација веќе се знаеше веднаш откако Лампард доби отказ, но сега и се официјализираше со службена потврда од Челзи.
„Сакам да му се заблагодарам на Челзи. Сите ние имаме почит кон работата на Лампард, но не можам да дочекам да седнам на клупата на мојот нов тим. Ова е голем предизвик за мене и се чувствувам прекрасно. Драго ми е што ќе бидам дел од семејството“ изјави Тухел.
Коментари
Loading…