in

Тони Крос е позитивен на коронавирусот!

Реал Мадрид соопшти дека нивниот стандарден првотимец се тестирал позитивен на коронавирусот.

Германскиот репрезентативец, Тони Крос, добил позитивен тест вчера, но се наоѓа во карантин уште од петокот бидејќи имал контакт со позитивна личност. Тренерот Зинедин Зидан нема да може да го користи Крос во една од најбитните натпревари – последното коло на Ла Лигата, кадешто Реал би можел да се бори за титулата.

Во последното коло Кралевите ќе се сретнат со Виљареал, додека нивниот директен ривал Атлетико Мадрид ќе ги пречека Ваљадолид. На Реал му е потребна победа, а со евентуален кикс на Атлетико, Кралевите ќе стигнат до нова титула во домашното првенство.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote