Реал Мадрид во понеделникот објави дека Тони Крос добил позитивен тест за коронавирус.
Во краткото соопштение, кралскиот клуб потврди дека германскиот фудбалер бил позитивен на коронавирус во понеделникот.
Тие му соопштија на клубот дека Крос бил во самоизолација од петокот, 14 мај, затоа што бил во директен контакт со заразено лице.
Wishing a speedy recovery to @ToniKroos, who has tested positive for Covid-19 💐#DieMannschaft pic.twitter.com/cs8UJHreQN
— Germany (@DFB_Team_EN) May 17, 2021
Ова значи дека Зинедин Зидан нема да може да смета на еден од најважните играчи дури и на последниот натпревар во сезоната, во кој се уште е жива надежта на Реал дека може да стигне до титулата.
Пред решавачкото коло, кое се игра во недела на 22 мај, Реал има два бода помалку од Атлетико Мадрид.
Реал го пречекува Виљареал во недела, а Атлетико е домаќин на Ваљадолид.
0
Коментари
Loading…