in

Топла бања може да ви помогне да заспиете побрзо и да имате квалитетен сон!

Истражувањата покажаа дека малку потопла бања 90 минути пред спиење може да ви помогне да заспиете во просек 10 минути побрзо од вообичаеното и наведени се бројни придобивки за квалитетен сон.

Тим биомедицински инженери, предводен од Шахаб Хагаег од Универзитетот во Тексас во Остин, спроведе систематска анализа на податоците, оценувајќи ги истражувањата што ги поврзуваат капењето, температурата на водата и квалитетот на спиењето, пишува „Сајлс дејли“.

Истражувачите прегледале 5.322 истражувачки трудови и искористиле десетина за да извлечат заклучоци, а извештајот е објавен во списанието „Sleep Medicine Review“.

Според нивните резултати, капењето еден час или два, и идеално точно 90 минути пред спиење, во вода со температура од 40 до 43 степени Целзиусови им помага на луѓето да постигнат најквалитетен сон.

Капењето во тоа време и со соодветна температура на водата може да ви помогне да заспиете во просек 10 минути побрзо од вообичаеното.

Нивниот извештај покажа ефекти дека топлината на телото може да влијае на можноста за заспивање.

Наодите вклучуваат информации за почетокот на спиењето, односно колку време треба да се помине од целосна будност до спиење, ефикасност на спиењето, количина на време поминато во сон во однос на вкупната количина на време поминато во кревет наменета за спиење и субјективен квалитет на спиење

Кога станува збор за несакани ефекти, ги нема многу, а се истакнува дека нешто потопло со вода може да ја исуши и иритира вашата кожа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote