in ,

СлаткоСлатко

ТОРТА СЛАДОЛЕД ГОТОВA ЗА 15 МИНУТИ, А МОЖЕБИ И ПОБРЗО

Оваа сладолед – торта е највкусното и најбрзото нешто за ова лето, а веќе знаеме дека целото ваше семејство ќе ужива во нејзиното консумирање.

Потребни ви се неколку состојки и малку време за приготвување на овој сладок десерт, а постапката ја читате во продолжение.

Потребно:

100 гр.сладолед во прав со вкус на чоколада

100 гр.сладолед во прав со вкус на ванила или страчатела

Две чаши млеко

300 гр.Плазма бисквити или пишкоти

Пола чаша приготвено Нес кафе

200 гр. Шлаг

Една чаша кисела вода

Подготовка:

Матете го сладоледот со миксер според упатството на кесичката додека не стане густа смеса. Додавајте по малку млеко и внимавајте сладоледот да не биде многу редок. Направете го кафето и подгответе го садот во кој ќе ја ставите сладолед – тортата. Обложете го со фолија и почнете со тортата. Потопете ги бисквитите во кафето и ставете еден ред на дното, па ставете од сладоледот од ванила, па повторно бисквити, па ред од сладоледот од чоколадо и завршете со ред бисквити. Оставете ја тортата преку ноќ во ладилник добро да се замрзне. Следното утро извадете ја тортата од садот или калапот и украсете ја со шлагот кој ќе го изматите со ладна кисела вода.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote