in

Тотенхем добива нов голман! Голини се сели во Лондон!

Тотенхем го комплетираше трансферот на голманот на Аталанта Перлуиџи Голини. Голини се сели во Лондон на едногодишна позајмица со опција за траен трансфер на крајот на годината.

Овој 26 годишен голман е првото засилување на Тотенхем под водство на нивниот нов тренер Нуно Еспирито Санто и директорот Фабио Партичи. Голини, италијански репрезентативец, се приклучива на Тотемнхем во трансфер вреден 15 милиони евра.

Италијанецот е доведен за да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција на Тотенхем и тој ќе се бори со Хуго Лорис и Џо Харт за поголема минутажа во клубот. Еспирито Санто ќе се обиде да го внесе клубот во ЛШ, откако минатата сезона заврши на седмата позиција.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote