in

Тотенхем останува на врвот на ПЛ по натпреварот против Челзи!

Тотенхем остана на самиот врв на Премиер Лигата по натпреварот против екипата на Челзи во кој немаше победник. Долго очекваната битка помеѓу овие два градски ривали заврши без голови на стадионот Стемфорд Бриџ. Голманите на двете страни беа одлични. Во првиот дел Менди го одбрани силниот удар на Орие, а Бервајн не успеа да стрела во рамките на голот.

Ова беше 1000ти натрпевар на Челзи во ерата на Роман Абрамович. Сините од Лондон имаа неколку шанси во текот на натпреварот, а најзабележлива беше онаа на Маунт во второто полувреме. Шутот на Маунт беше упатен во долниот десен агол, но искусниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис успеа да го одбрани. Тотенхем е прв на табелата, а Челзи е на само 2 бода позади нив.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote