Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф не е загрижен околу тоа дали Луис Хамилтон ќе потпише нов договор со тимот за да остане и следната сезона. Договорот на Хамилтон истекува на крајот на сезоната и тој сеуште не започнал преговори со Волф околу неговото продолжување.

Волф изјави за BBC: „Можно е се да се случи. Но моментално не гледам причина дека тој нема да сака да вози со најбрзата кола на гридот, исто така ние го сакаме него во колата. Тоа е одлична спојка.“ Хамилтон го скрши рекордот за највише победи во F1 минатиот викенд и сега има 92 победи, само 1 повеќе од Мајкл Шумахер.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…