in

Тотнем ја забележа првата победа по отказот на Мурињо

Пеналот на Сон во доцната фаза од натпреварот им ја донесе првата победа на Тотнем под водсвото на новиот тренер Рајан Мејсон против екипата на Саутемптон.

Поранешниот играч за врска на Тотнем, Рајан Мејсон, стана најмладиот премиерлигашки менаџер во историјата на само 29 годишна возраст, откако го замени Жозе Мурињо.

Тој успеа да ја започне својата авантура со победа, и покрај тоа што губеше во првото полувреме. Голот на Ингс им донесе водство на Светците во 30та минута и со него си заминаа на одмор.

Но одговорот на Тотнем пристигна во второто полувреме и преку головите на Бејл и Сон, тие стигнаа до целосен пресврт.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote