Избраниците на Жозе Мурињо во рамките на 27 коло од англиската Премиер лига се сретнаа со екипата на Кристал Палас и успеаа да забележат убедлива победа од 4-1. Ова е трета победа во низа за Тотенхем, а втора во три натпревари во која Бејл постигнува два погодоци.
Резултатот го отвори токму Велшанинот во 25 минута по асистенцијата на Кејн, но на самиот крај од полувремето, Палас израмни преку Бентеке. Бејл повторно им донесе радост на Тотенхем во 49 минута, а Кејн со последните два погодоци на мечот го матираше нивниот лоноднски ривал.
Коментари
Loading…