in

Toyota продаде најмногу автомобили минатата, 2020 година!

Toyota продаде најмногу автомобили во 2020 година и го престигна Фолксваген од првото место на светската ранг-листа, беше објавено денес во седиштето на јапонската компанија во Токио.

Минатата година Toyota продаде 9,528,000 автомобили ширум светот, што е за 11,3 проценти помалку отколку во 2019 година, но сепак го надмина Фолксваген, бидејќи германскиот производител продаде 9,305,000 автомобили, што е пад од 15,2 проценти.

Минатата година, поради пандемијата на вирусот корона, продажбата на нови автомобили во сите земји беше значително намалена, а Toyota се справи со тоа нешто подобро затоа што Азија се справи многу подобро со пандемијата отколку Европа и особено САД.

Toyota наведува дека постигнале подобри резултати од конкуренцијата, делумно поради поголемата понуда на сè повеќе барани електрични автомобили. Од продадените 9.528,000 возила во 2020 година, 23 проценти биле електрични, што е за три проценти повеќе отколку во 2019 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote