in

ТРАМП ПОВТОРНО ШОКИРА – ПРЕКИНУВА АМЕРИКАНСКА ТРАДИЦИЈА: Претседателот во заминување одлучи да не го испочитува Бајден!

Доналд Трамп повторно твитна откако вчера беа блокирани неговите профили на социјалните мрежи поради немирите во Вашингтон

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

„За сите што прашаа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на својот Твитер профил.

Откако Конгресот официјално ја потврди победата на Џо Бајден за претседател на Соединетите држави, претседателот Доналд Трамп вчера објави изјава во која се наведува дека одлуката „претставува крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателството“.

„Иако не се согласувам целосно со исходот на изборите, сепак ќе има мирна транзиција на 20 јануари“, рече Трамп, додавајќи дека секогаш велел дека „ќе ја продолжи борбата за да се осигура дека сметаат само законските гласови“.

„Иако ова означува крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателството, тоа е само почеток на нашата борба повторно да ја направиме Америка голема“, рече Трамп, повторувајќи лажни тврдења за изборите што ја натераа толпата да упадне во Капитол.

Вчера, новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, го осуди нападот врз зградата на американскиот Конгрес на 6 јануари и ги оцени овие немири како „еден од најмрачните денови во историјата на американската нација“, а луѓето што упаднаа во зградата ги нарече „домашни терористи“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote