Перу смени тројца шефови на државата за само една недела.
Перу го доби својот трет шеф на државата за една недела, откако Конгресот го избра конгресменот Франциско Сагасти за привремен претседател, со што треба да се стави крај на политичката криза и протестите што избувнаа за соборувањето на популарниот претседател Мартин Вискара минатата недела.
Сагасти, 76-годишен инженер и академик, ќе ја води земјата до претседателските избори следната година, пренесува Би-Би-Си.
Минатата недела Конгресот гласаше за импичмент на Вискара поради обвинувања за корупција, а неговата должност ја презеде претседателот на тоа тело, Мануел Мерино, по што избија крвави протести во кои беа убиени најмалку две лица.
Сагасти е член на центристичката партија Морадо, единствената која гласаше во Конгресот против импичментот на Вискара.
Коментари
Loading…