in

Третата светска војна започна: Премиерот на Ерменија најави жестоки конфликти и ја вознемири светската јавност!

Огнениот конфликт кој трае подолго време може да влијае на остатокот од светот.

Ерменскиот премиер Никол Пашинин тврди дека Турција регрутира терористи од територијата на Сирија под нивна контрола, ги транспортира на нејзината територија и потоа ги пренесува од Турција во Азербејџан.

Тој вели дека верува оти Третата светска војна започнала.

Според моите проценки, Третата светска војна сега започна, и ова е хибридна војна што се шири во сите правци. Оваа војна е подеднакво насочена и против христијаните, муслиманите и Евреите – рече Пашинијан во интервју за АРД.

Тој рече дека смета дека оваа хибридна војна е виновна за тоа што се создава погрешна слика за муслиманите низ целиот свет и затоа смета дека таа е насочена и против муслиманите.

Пашинјан наведува дека Турција регрутира терористи од територијата на Сирија под нивна контрола, ги транспортира на нејзина територија, а потоа ги пренесува од Турција во Азербејџан, по што ги возат во воената зона Нагорно-Карабах, ветувајќи им 2.000 долари месечно и како награда за оние кои обезглавуваа неверници за по 100 американски долари.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote