Македонецот Иван Тричковски одигра маестрален натпревар за неговиот клуб АЕК Ларкана, и за само 22 минути успеа да постигне 3 погодоци во мрежата на неговиот противник Ермис.
Тој му ја донесе победата во својот тим и стигна до еден јубилеј, 100 погодоци во кипарскиот шампионат.
Тричковски промаши пенал во минатото коло, па сега се „налути“ и на неговата мета се најде Ермис. Македонецот стрелаше во 22 и 29 минута, а хетрикот го обезбеди пред самиот крај на првото полувреме.
Коментари
Loading…