in

Триесет предмети од претколумбиската ера беа продадени на аукција и покрај негодувањето на Мексико!

Триесет предмети од претколумбиската ера – пред крајот на 15 век, беа продадени на аукција во Париз во вторникот вечерта за повеќе од 2,5 милиони евра, и покрај противењето на мексиканскиот институт за антропологија и историја.

Институтот побара мексиканското судство да поведе постапка во Франција затоа што тие предмети од културата на Маите и Ацтеките беа „неотуѓиво во сопственост на нацијата“.

Институтот изјави дека една маска од цивилизацијата Теотихуакан (450-650 п.н.е.), која е продадена за 437.500 евра, не е од тоа време. Кристи, која ја организираше аукциската продажба во Париз, објави дека предметите се понудени во рамките на „транспарентната постапка на јавна продажба во согласност со законот“.

Во 2019 година, Мексико неуспешно побара откажување на аукциската продажба на некои предмети од претколумбиската ера, кои тогаш ги организираше француската куќа Милон.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote