in ,

Што?Што?

Трик кој решава 2 проблема и зошто мразиме да користеме ренде: Сирењето нема да „лета“ насекаде, а рендето ќе го измиете полесно од било кога!

Потребни ви се само две работи!

Ако често рендате сирење за да посипете тестенини, или направите некое друго вкусно јадење, веројатно сте „болни“ од тој процес.

Сирењето се ренда брзо, но го има насекаде во кујната и тешко е да се измие затоа што сирењето брзо се суши и стврднува, па мора да го миете и истругате рендето.

Постојат два трика кои ќе ви помогнат!

  • Пред употреба, премачкајте го рендето со крпа натопена во масло или користете кујнски спреј за подмачкување на калапите, доколку имате. Маснотијата ќе спречи лепење на сирењето.
  • И под него, ставете парче хартија за печење исечено во кружен облик, како чинија. Целото сирење ќе остане на него и кога ќе го отстраните рендето, ќе можете да го земете како „кеса“ полна со вкусно, рендано сирење.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote