in

Трката со бикови во Памплона е откажана поради бавната вакцинација!

Традиционалниот летен фестивал Сан Фермин, кој секоја година се одржува во шпанскиот град Памплона, е откажан втора година по ред поради епидемијата на вирусот корона.

Градоначалникот на Памплона, Енрике Маја, како причини за откажувањето ги наведе преваленцата на инфекцијата, оптоварувањето на болниците и бавната вакцинација.

“Фестивалот не може да се организира преку ноќ. Ова е многу тешко. Никогаш не помислив дека ова може да се случи”, изјави Маја пред новинарите.

Фестивалот, кој се одржува во јули, привлекува стотици илјади туристи од целиот свет секоја година. За време на деветте фестивалски денови, луѓето се тркаат со бикови низ улиците на шпанскиот град Памплона.

Трките со бикови се организираат секое утро во 8 часот, а потоа биковите трчаат од шталата до градската арена на околу 825 метри. Луѓето кои учествуваат во таа трка се претежно мажи традиционално облечени во бело, со црвени шалови околу вратот.

Овој настан датира од 16 век, во чест на светецот и заштитник на Памплона, Сан Фермин. Фестивалот беше овековечен од славниот Ернест Хемингвеј во романот „Сонцето повторно се раѓа“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote