in

Трудо: Канада пред крајот на декември ќе добие вакцини од компанијата “Фајзер”

Канада пред крајот на декември, ќе добие до 249 000 дози вакцина против коронавирус произведени од „Фајзер“ и „Бионтек“ , изјави премиерот Џастин Трудо.

Се очекува канадските власти да одобрат употреба на вакцината во четврток.

Трудо рече дека Канада неодамна го смени договорот со „Фајзер“ – со цел таа американска компанија да испорача до 249.000 дози во декември. Ова значи дека прво ќе се вакцинираат околу 124.500 од најзагрозените Канаѓани, бидејќи секој треба да прими две вакцини за неколку недели.

Канада има договор со уште шест производители на вакцини.

Опозициските партии го критикуваа Трудо за изјавата дека Канаѓаните нема да бидат меѓу првите што ќе примат вакцина за коронавирус, затоа што најверојатно првите дози ќе бидат наменети за граѓаните на земјите во кои се произведуваат.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote