in

Тухел го надмудри Гвардиола и ќе игра финале во ФА купот!

Во рамките од полуфиналето на најстарото фудбалско натпреварување во светот, ФА купот, се сретнаа екипите на Челси и Манчестер Сити. Дуелот се одигра на Вембли, а избраниците на Томас Тухел успеаја да се пласираат во последната рунда.

Во првото полувреме, подобра екипа на теренот беше екипата од Лондон, дури и успеаја да постигнат погодок во 7та минута, кој беше поништен поради офсајд. Единствениот гол на средбата беше постигнат во второто полувреме, а тој беше дело на Зијеш, по одличната асистенција на Вернер.

Екипата на Гвардиола се обидуваше да израмни до последната минута од натпреварот, но не успеа во таа намера. Челси се пласираше во финалето.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote