Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека владата ќе воведе строги мерки за спречување на ширење на коронавирусот, што вклучува делумно затворање на земјата за време на викендите.
Според турскиот портал Хуријет, тоа може да значи дека за време на викендот, на граѓаните ќе им биде дозволено да се движат помеѓу 10 и 20 часот.
По владината седница, Ердоган рече дека училиштата ќе останат затворени до крајот на годината, а рестораните ќе вршат само достава на храна.
Коментари
Loading…