in

Турција повторно се враќа на Формула 1 календарот!

Големата Награда на Канада неодмана беше откажана, а на нејзино место, помеѓу 11 и 13 јуни ќе се одржи трка на популарната патека Истанбул Парк во Турција, соопштуваат од Формула 1.

Ова е втора година по ред што нема да гледаме трка во Монтреал. И двете години настанот беше откажан поради пандемијата. А од друга страна ова ќе биде втора трка во Турција во две години, откако не гледавме трка на Истанбул Парк од 2011.

На оваа патека минатата година Луис Хамилтон ја освои својата рекордна седма титула во најпрестижното моторспорт натпреварување. Претседателот на Ф1 изјави: „Разочаран сум што нема да гледаме трка во Канада, но од друга страна возбуден сум што се враќаме во Турција“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote