in

Во декември имаше многу помалку странски, но повеќе домашни туристи во споредба со декември 2019 година!

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во декември 2020 година бил 31 175, а бројот на ноќевањата на туристите 60.345.

Бројот на туристи во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, е намален за 49,3%, а бројот на ноќевањата е намален за 49,7%.

Бројот на домашни туристи во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, е зголемен за 20,7%, додека бројот на странски туристи е намален за 85,3%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, е зголемен за 2,0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 81,6%.

Во периодот јануари – декември 2020 година, во споредба со истиот период минатата година, бројот на туристи е намален за 60,5%: бројот на домашни туристи е намален за 18,3%, додека на странските е намален за 84,4%.

Во периодот јануари – декември 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 48,0%: бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 14,3%, додека кај странските е намален за 84,0%.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote